Кремљ ги отфрла обвинувањата на МИ5 за зголемување на агресивноста на Русија

Кремљ денеска ги отфрли обвиненијата на шефот на разузнавачката служба на Велика Британија, МИ5, Ендрју Паркер, дека Русија изведува сè повеќе кибернетички напади и користи други агресивни методи кои претставуваат сè поголема закана за Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека обвиненијата на Паркер не одговараат на реалноста.

Тој додаде дека сè додека некој не понуди докази за изјавите, тие ќе се сметат за неточни и за неосновани.

Endrju ParkerШефот на британската разузнавачка служба МИ5, Паркер, за весникот „Гардијан“ вчера изјави дека Русија користи цел спектар државни органи и разузнавачки елементи за својата надворешна политика да ја спроведува на сè поагресивен начин и тоа да вклучува пропаганда, шпионажа, субверзии и кибернетички напади.

Паркер рече дека Русија сè поинтензивно се обидува да се дефинира себеси како опозиција на Западот и прави сè да изгледа така.

Како што рече првиот човек на МИ5, докази за тоа се гледаат во активностите на Русија во Украина и во Сирија. Тој додаде дека Русија, исто така, спроведува активности од голем обем кои засега не претставуваат кибернетички закани.