Конференција за онлајн-медиуми во Котор

Конференцијата Digital-born Media Carnival ќе се одржи од 14 до 18 јули во Котор, Црна Гора. Таа е заедничка иницијатива на Фондацијата SHARE, Мисијата на ОБСЕ во Србија и Министерството за надворешни работи на Холандија, со поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите.

На Digital-born Media Carnival ќе се соберат повеќе од 100 претставници на интернет-медиумите, инфо-истражувачи и ентузијасти за дигитални права. Главните теми на конференцијата се лажни вести, етика, одржливост, бизнис-модели, креативност, иновативност во известувањето, медиумскиот интернет-пазар, надзор (на електронските комуникации), приватност, поствистина итн.

Конференцијата е наменета за претставници на интернет-медиумите, новинари, уметници, блогери, граѓански новинари, хактивисти и активисти, медиумски и ИТ-правници и застапници, поборници за човековите права, иновациски компании во медиумската сфера, академски претставници и истражувачи.

Пријавувањето е на овој линк.