fbpx

Јанакиески тврди дека не планирал да бега, СЈО вели дека притворот е законит

-

Ниту сум планирал да бегам, ниту ќе бегам, рече ексминистерот Миле Јанакиески во Апелацискиот суд во Скопје каде што се одржа јавна седница по жалбата за мерката притворот која му ја определи Судот на барање на СЈО.

Тој посочи дека една година и 4 месеци редовно се јавувал во судот и воопшто нема констатација дека ги прекршил овие законски мерки, а ја оспори и службената белешка од УБК врз основа на која се базира решението за притвор, нарекувајќи ја фиктивна.

За средбата кај претседателот Иванов рече дека била на 13 ноември во 16 часот, на која присуствувале уште две лица, од кои едниот бил претставник од Кабинет, преку кого била организирана средбата. Јанакиески рече дека не се разговарало за амнестијата, туку, како што рече го информирал Иванов за иницијатива поврзана со актуелната политичка состојба во Македонија.

Јанакиески исто така негираше дека поседува банкарски сметки во странство. Тој рече дека испратил допис до СЈО и Кривичниот совет каде ги информирал дека доколку достават докази дека поседува макар една сметка во странство и овој наод биде потврден од релевантни институции, спремен е итно да се спогоди за сите судски предмети кои ги води СЈО, па макар тоа би било и доживотна казна затвор.

-На 13 ноември обвинетиот, Миле Јанакиески, се спремаше да бега. Ваквите околности дека подготвува бегство ги дознавме од органи надлежни за прибирање такви информации – рече обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, повикувајќи се на службената белешка од УБК.

Наспроти тврдењата на одбраната, Стефанова рече дека решението на Кривичниот совет за притвор е законито и издржано.

-Обвинетиот Миле Јанакиески во своето долго излагање не негираше дека бил на разговор кај претседателот, но не кажа какви разговори воделе. Убедена сум дека постојат околности дека не можеме да го задржиме да побегне доколку не биде определена мерката притвор – рече Стефанова и го повика Апилациониот суд да ја потврди одлуката на Кривичниот совет.

Адвокатката Сања Алексиќ, во образложението за жалбата по притворот кој му е определен на обвинетиот екс генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски рече дека Божиновски немал намера да бега затоа што е татко на две малолетни деца, едно на возраст од 1 година и 10 месеци, а другото на возраст од три години.

Од друга страна, тој, како што рече Алексиќ, треба да се грижи за болната сопруга на која и е дијагностицирано воспаление на жлездите како последица на стрес.

Апелацискиот суд има два дена рок да одлучи по жалбите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...