Извештајот „Дуинг бизнис“ и потрошувачките кредити на денешната седница на Влада

На предлог на Министерството за финансии, на редовната 102. седница во 12 часот, Владата ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Министерството за финансии за денешната седница ја предлага и информацијата за рангот на Македонија според извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка со предлог-заклучоци.

Како материјал за информирање, денеска Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Тетово.