Хуманитарна акција за собирање помош за социјално загрозени лица и семејства

На паркиралиштето пред ТЦ „Зебра“ во Капиштец, здружението на граѓани „Вистински дела на љубезност“ денеска организира собирен пункт за хуманитарна помош за бездомници и за деца од улица. Акцијата почна во 10 часот, а ќе трае до 20 часот.

Граѓаните донираат зимска облека и обувки, ќебиња, храна, средства за хигиена и средства за чистење. Собраната помош е наменета за бездомници, социјално загрозени семејства и за самохрани мајки, како и за семејства од Скопскиот Регион што претрпеа штета во поплавата. Дел од помошта ќе биде даден и во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари.

Денешниот настан е последен од серијата пунктови „Есенско собирање донации“ што „Вистински дела на љубезност“ ја организираше во текот на октомври и ноември на повеќе места низ Скопје.

Во текот на август, здружението беше активно вклучено во независната иницијатива за хумантарна помош по поплавите.