Хрватска парализирана од урагански ветрови

Неколку реони во хрватската област Далмација денеска се парализирани од урагански ветер. Поради бурата, затворени се и делови од автопати и мостови, а биле откажани и редовните ферибротски врски по јадранското крајбрежје.

Во областите Лика и Горски Котар, во северниот дел на земјата, врне снег.

Поради лошото време има опасност од појава на свлечишта.

Наредната недела Хрватите ги очекуваат топли пролетни денови.