Груевски му соопштил на Жбогар дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена на евроинтеграциите

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, денеска се сретнал со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Поранешниот премиер му соопштил на евроабмасадорот дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена на евроатлантската интеграција.

„Ја ценам отворената дискусија со Никола Груевски. Се обврзав да ги слушам грижите на неговата партија и на неговите поддржувачи. Добредојдена е посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ за евроатлантската интеграција и соработката со нив за тоа да се случи“, соопшти евроамбасадорот Жбогар на својот твитер-профил.