Фрадков: САД сакаат да го тргнат Путин од власт

Вашингтон и неговите сојузници спроведуваат режим што треба да наметне промена на политиката во Русија, затоа ги воведоа санкциите и ја напаѓаат рубљата преку манипулирање на светската цена на нафтата, соопшти шефот на Службата за надворешно разузнавање на Русија, Михаил Фрадков.

Според Фрадков, САД се обидуваат да го тргнат Владимир Путин од власт зашто Западот не сака да ја види Русија како силна и независна држава.

Шефот на руското разузнавање смета дека САД делумно се одговорни за падот на цената на нафтата и додава дека со намалување на цената на еден од најголемите извози на Русија, директно се врши притисок врз рубљата, која и онака веќе страда од санкциите.

Странските инвестициски фондови, според Фрадков, „учествуваат“ во уривањето на рубљата преку посредници.