Две жени и официјално обвинети за убиството на Ким Јонг-нам

Доан Ти Хуонг од Виетнам и Сити Аисија од Индонезија и официјално пред судот во Куала Лумпур се обвинети за убиството на Ким Јонг-нам, постариот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Двете, наводно, на 13 февруари годинава, на аеродромот во главниот град на Малезија, го размачкале смртоносниот нервен отров VX на лицето на жртвата, од што Ким Јонг-нам набргу починал.

И двете жени изјавиле дека мислеле оти станува збор за шега за телевизиска емисија. По читањето на обвинението, Доан Ти Хуонг на англиски рекла: „Јас разбирам, но не сум виновна“.

Сири Аисја изјавила дека за тоа што мислела дека е скриена камера ѝ платиле околу 90 долари.
Доколку Доан Ти Хуонг и Сири Аисја бидат осудени за убиство, им се заканува смртна казна.