Државата ќе им даде земјиште на користење на социјално загрозени лица

На јавен повик за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица, државата ќе понуди вкупно 133 хектари земјиште во 11 региони.

Земјоделското земјиште се издава на петгодишно користење. Секој понудувач – корисник на правото на социјална помош (инвалидни лица, самохрани родители и лица згрижители или старатели на дете без родители и родителска грижа или возрасно лице со одземена деловна способност), до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, може да достави барање во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневниот печат.

Дополнителни информации заинтересираните земјоделци може да добијат и на веб-страницата на Министерството за земјоделство и во неговите подрачни единици.