Дела за хендикепирани лица од охридската Меѓународна ликовна колонија претставени во Скопје

Во просториите на Порта „Македонија“ во Скопје, поставена е шестата изложба на ликовни дела од охридската Меѓународната ликовна колонија, со дела за хендикепирани лица.

Целта е преку овие активности да се подигне свеста на граѓаните за потребите на лицата со телесен инвалидитет.

Изложени се 53 дела, од 14 уметници, учесници на шестата Меѓународна ликовна колонија.

Собраните средства од продажбата на ликовните творби ќе бидат искористени за организирање на следната ликовна колонија.