Зголемен е бројот на ковид-позитивни, комисијата за заразни болести со апел да се почитуваат мерките

Од комисијата препорачуваат да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица

Фото: Мета.мк

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции.

Од комисијата препорачуваат да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

„За потсетување вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста“, велат од Комисијата.

На состанокот, комисијата ја реафирмирала препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа.

„За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид“.

Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.