Забавната платформска игра Rogue Legacy бесплатна на Epic Games до 14 април

Скриншот од Epic Games за Rogue Legacy
Скриншот од Epic Games за Rogue Legacy

Забавната платформска игра Rogue Legacy е бесплатна на Epic Games до 14 април. Се работи за игра што ја нарекуваат „наследник“ на Ghosts and Goblins и преставува нешто како платформска “Souls” игра. Двајцата браќа Кени и Теди Ли од Канада ја направиле играта дома, а инспирација им биле “Dark Souls” игрите и наишле на голем финансиски успех. Во играта играте со витези и целта е да освоите замок. Но, лесно се губи, a постои можност и за прогресија каде градите свој замок и надградувате „скилови“.

Играта е забавна и смешна и нуди општа прогресија без разлика колку пати ќе загинете си го градите својот замок и играте со следен наследник или наследничка. Нека не ве оптоварува тоа што често ќе умирате во играта. Исто како и во “Souls” игрите, тоа е нормално. Но, со тактика “trial and error” можете да станете доста вешти. 

Вториот дел од оваа игра е закажан да излезе многу скоро односно на 28 април 2022 година.