Вработен во обложувалница разоружал и избркал разбојник

Вработен во спортска обложувалница во Куманово вчеравечер нападнал и избркал разбојник кој се обидел да го ограби, информираат од полицијата.

Според полициските информации, синоќа, околу 22.45 часот, разбојникот влегол во спортската обложувалница „Вил хил“ на улицата Тоде Думба и заканувајќи му се на 24-годишниот кумановец, вработен во обложувалницата, од отворен сеф зел кутија со пари. Но, во тие моменти, бил нападнат од вработениот, кој успеал да му го земе пиштолот и да го избрка од објектот, без дел од пленот, кој му испаднал на разбојникот во обложувалницата.

Полициската екипа која извршила увид на местото, утврдила дека пиштолот со кој се заканувал разбојникот бил пластичен, а при пребројувањето на парите, констатирано е дека недостигаат 4.150 денари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.