Водич за соулс игри: како да ја поминете Елден Ринг и да уживате во Секиро

Cоулс игрите претставуваат голем предизвик дури и за долгогодишните гејмери. Токму затоа, моментално ова е еден од најпопуларните жанрови. Предизвикот привлекува многу играчи, но не толку голем број од нив можат да ги завршат до крај. За да им помогнеме на нашите читатели-вљубеници во гејмингот, го претставуваме овој сеопфатен водич за соулс игри.

Додека за Elden Ring, Lords of the Fallen, Star Wars Jedi: Fallen Order, Nioh 1 и 2, Hellpoint, Wo Long, Lies of P и други имаме повеќе написи што можете да ги прочитате тука, во ова упатство ви презентираме и игри за кои немаме пишувано досега како Sekiro, Dark Souls 2, Remnant from The Ashes и други. 

Приказната и зачетокот на Souls Like игрите

Историјатот на соулсводи игрите почна со Darksouls серијалот односно првата игра што им претходи наречена Demon Souls која сега има и ремастер. Овие игри беа толку тешки, што се гине од еден или два удари од кој било противник, без разлика дали станува збор за обично зомби што ве напаѓа или некој главен карактер. Тоа што им фалеше на овој тип игри беше приказна. Имаше анимации, но немаше баш класични квестови туку мораше да се откриваат. Се создаде илузија дека приказната се открива преку читање на текст за оружја и објаснувања за ајтеми, а денеска тоа прерасна во цели видеа за скриен Lore (Документирано знаење). Наводно, постоела осмислена приказна што подоцна се покажа како неточно со ажурирањата на играта – приказната подоцна се оформи. Ова уште повеќе ги заинтригира играчите да истражуваат. 

Добар пример што го докажува ова, е ангажирањето на Џорџ Р.Р. Мартин авторот на „Game of Thrones“ како сценарист за играта Elden Ring. Недостигот на вистинска приказна во оваа игра е очигледен и пишувањето на сценариото очигледно не барало многу труд. Дури има и Главен по име Morgotth, име кое потсетува на главниот негативец во универзумот на епска фантазија на Џорџ Роналд Руел Толкин. Во тој свет Melkor или Morgoth e главниот негативец кој е инцијално еден од поклониците на Илуватар (врховниот Бог), кои со песна ја создаваат „Средна Земја“ (како што е опишано во книгата „Силмарилион“ што според дејството им претходи на сите книги од Толкин). За заинтересираните за читање на оваа книга има и верзија на „Силмарилион“ на македонски јазик.  

Но, за „Големата приказна“ на Elden Ring не видовме ништо посебно освен неколку анимации и оскудни дијалози и замрсени ланци на квестови со монолози и дијалози за избор што не знаете во кој правец ве носат. Освен ако не ја проучите целата игра трошејќи премногу време и гледајќи YouTube видеа, за тоа како да ги окриете скриените детали во приказната. Се гледа дека се нафрлени рандомизирани концепти, каде дури и има преклопување на ист лик со две имиња од небрежност. Затоа, дел од играчите имаат впечаток дека Џ.Р.Р. Мартин е земен само да привлече внимание со популарноста.

Сите Souls Like игри ги обединуваат неколку елементи: фантазија, хорор, митологија, гротеска и крвави и брутални сцени како и чудовишта од секаков замислив вид. За инспирација на главните се гледа дека е консултирана секаква хорор литература и креативноста и деталноста на анимациите е одлична. Во тоа е и убавината во ваквите игри – се чувствувате навистина херојски кога ќе ги победите лошите. Херој, што изгледа како антихерој (Tarnished во Elden Ring, Fallen во Lords of the Fallen) што коси сè пред себе и е на раб на смртта во борбата против силите на злото e дискурс којшто е и фантазиска симболика за проклетството и чудовишните работи на самата човекова раса.  

Начини на кои се играат Souls Like игрите

Т.н. Cheezing на босови

Најефикасниот начин за играње на Souls игри е таканареченото Cheezing на „босови” односно главните ликови. Тоа на пример може да значи да го заглавите босот во некој ќош каде што ќе се „избагира“ и нема да може да ве удри додека вие му го цепкате здравјето удар по удар додека не го победите. Оваа стратегија се смета за еден вид мамење (cheating) во играта, но е сива зона на она што е фер затоа што има босеви каде ова е неопходно да се прави. Но, да се победи без разлика како и со употреба на сите средства за некои играчи е нечесен пристап. Затоа и про-играчите на Елден Ринг на пример си поставуваат цел да ја поминат целата игра без употреба на духови помошници (spirits).

Најпопуларен начин за олеснување на ваквиот тип на игри е да играте Mage односно Sorcerer или едноставно категорија Caster каде со магии само се држите на дистанца. Повеќето играчи ја сакаат борбата „гради во гради“ и играат херои изградени на атрибутот Strength што значи блиска борба целовремено, најчесто со најпопуланите оружја во сите вакви игри. Тоа за нив е пофер и похеројски. Овие игри нудат и опција за “Game +”, односно да ја преиграте повторно играта но овојпат на уште потешко ниво. Но, ако умирате по 100 пати и губите доста време на одреден главен никој нема да ве обвини ако направите “Cheeze the Boss”.

Jапонски правила на војување применети во Souls Like игрите

Најчесто правилата за мечување и војување на Мијамото Мусаши од неговата „Книга на петте прстени“ исто така и на кинескиот писател Сун Ѕу со книгата „Вештината на војувањето“, презентираат неколку концепти на вистински борби применети во Souls игрите. 

Оној што ја контролира дистанцата ја контролира борбата

Во Souls игрите за да одредите кои се повторувачките потези и патерни што ги прави главниот непријател има правило кога ќе почне борбата – да се оддалечите до ѕидот на инстанцата бидејќи премините се затворени најчесто со густа магла и играте во вид на арена за борба. Се одалечувате или константно блокирате или избегнувате удар за да го видите временскиот отвор кога вие можете да зададете удар или два. И не бидете алчни со ударите затоа што така се гине во овие игри. Друга опција е да гледате YouTube видеа за овие патерни и да ги научите и примените. Но, и таа варијанта е предизвик, едно е гледање друго е да го изведете тоа во играта. Трчањето кругови откако ќе го тргнете lock on-от од главниот по работ на нивото исто така е ефикасно против специјални удари или главни во последни фази на борба. Ова е најприменливо во првата Lords of the Fallen игра кај три главни и во Sekiro во борбата со Madam Butterfly кога ќе почне да спама духови. Исто така, маркантен пример е и борбата против William, протагонистот од првиот дел на Nioh. овојпат при крај на приказната во Nioh 2.

Nioh 1 има добра приказна и супер гејмплеј.

A во Nioh 2 приказната е проширена со повеќе синематици и е една од најсодржајните во Souls игрите воопшто. 

Обично главните имаат две или три фази каде во последната стануваат сè посилни и посмртоносни. Многу од играчите наоѓаат толку дупки во одбраната на главните што ако имате тајминг, рефлекси и го трошите малку поефикасно времето, можете да го победите босот уште во првата фаза пред да стане премоќен. И тоа е сосема валидна победа затоа што бара парирање – нешто што е клучно кај Skill играчите на Souls игри.  

Напад од висина дава физичка предност над противниокот”, односно т.н. „Higher Ground” познато воено правило.

Искористувањето на оваа предност е евидентно во играта Sekiro каде со скок од некоја градба, можете да направите егзекуција со еден удар на противник под вас. Секако, ова не важи за ридови во игрите кои немаат тотално иста физика како што имаат во реалниот свет. Но, пак е забавно да се позиционирате повисоко и на други игри. На пример, во пукачките игри добивате подобар целосен поглед на противници. Уште на првиот главен во првата Darksouls игра можете да го примените ова правило со скок од горе над глава. Така што оваа особеност дава огромен драж на Souls Like игрите оти внесува „привиден реализам“ во борбите проследен со врвна графика и детали. 

Фармање/Грајнд  на Поени за Искуство за кревање левел 

Ова не само што сите играчи го прават на погодни места, туку е и клучно во повеќето Souls игри. Дозволено е сè додека не се претвори во тотален неразумно искористување. Обично разумниот грајнд е до околу левел 100 „левел кап”, тајмиран во повеќето игри за да ја завршите играта, меѓутоа не мора да е правило, посебно за game+ играчите.  

Добар начин е на Single Player игрите да се употреби „грајнд“ што се прави во Massive Multiplayer Online (MMO) игрите, a понекогаш и доживувањето на MMORPG игрите знае да биде подобро ако ги играте како Single Player со фокус на приказната. 

Како и да е, игра во која ова не важи е Секиро бидејќи таму не кревате ниво, туку добивате само нови способности. Вашата оспособеност и извежбаност вешто да ги употребите во адекватни ситуации овие способности се базира на умешноста и рефлексите, што се стекнуваат по подолго играње на истата игра. Логично, ако некоја игра не ја играте ќе ја заборавите и нема ефикасно да ги користит контролите. Слично како со музичките инструменти. Сè додека не се активира вашата мускулна меморија и се вратите во форма.

Во сите други Souls игри каде има линеарно левелирање добивате сила со накачување разни атрибути и оружја, оклопи и тринкети, па и специјални предмети на моќ. Тоа вашиот лик го прави толку силен што ќе може адекватно да се справи со предизвиците. Но, во Souls игрите колку и да станете моќни, смртта ве демне на секој чекор. Затоа не потценувајте ниту еден противник.

Има правило од јапонското војување кое вели „да се пратат нетренирани војници во битка е како да сте ги пратиле во кланица”, затоа подготвеноста преку фармање е многу важна.

Парирање со перфектен тајминг (со едно стискање копче или клик)

Најдобра игра од Souls игрите за вежбање парирање е Star Wars Jedi Fallen Order затоа што таму целиот комбат е потпрен на навремено парирање, рипосте, по дефлектирање удар-контра удар. Само со мафтање со светлосниот меч бргу ќе загинете. А, и добивате повеќе искуство за единечно одбивање на ласери од ласерски пушки бидејќи играта препознава дали спамате или блокирате целовремено што дава помалку искуство.

Исто така, можете да смените тешкотија на играта што има ефект на тоа колку е полесно парирањето. Откако ќе ја завршите приказната се отвараат и други опции за вежбање и борби и отклучување скинови.

Во Darksouls серијалот дефлектот со штит на удар прави „стан“ односно го зашеметува противникот и беше една од најефикасните техники за поминување главни, применлива и во Елден Ринг.

Но, најтешката игра што може, но и не мора да се игра со дефлект во која нема мултиплејер, е Секиро (во која морате сè да правите сами). Игра со одличен комбат со ритам и пресметана прогресија до изненадување на поврзаност со напредокот низ играта. Изработена баш во јапонски стил.

Добри игри за вежбање на време за реакција на дефлектирање удари и задавање контра удари, а не се Souls игри, се Assassin’s Creed игрите. Најдобро ова се вежба на две од нив: Assassin’s Creed III позната како „таа со индијанецот“ и Assassin’s Creed Black Flag позната како „таа со пиратите“. Има индикатор за вежбање рефлекси. Исто така, препорачани се и quick time евенти како Fight Club-от во Вичер 2 и Wolf Among Us играта на Taletale. 

Околу SpeedRun на Souls игрите

Правилата за спидран (брзо поминување) на пример на Елден Ринг се навистина просто глупави. Буквално се базира само на злоупотреба на багови и луѓе демек ја завршуваат играта за само 3 минути или приближно.

Вистински спидран на игра е да се помине во најкратко време без премногу скокање содржини и со вештина. 

Dark Souls 2 ја сметаат една од најлошите во серијалот затоа што навистина тешка и лесно се губи ориентација. Дури е направена екстремно тешка со многу “jump scares” и прогресирањето и откривањето нови зони е исто така замрсено, па повеќето играчи не наоѓаат начин да прогресираат и се откажуваат. Подобри се Dark Souls 1 и 3 затоа што нудат многу полинеарна прогресија низ нивоата со повеќе индикатори за следни чекори и истражување нови зони.

Remnant of the Ashes беше одлична игра која може да се игра со тројца играчи. Сепак таа е релативно полесна souls игра со мултиплејер. 

Вистинскиот предизвик во Souls Like игрите е играње на оние кои се стриктно Single Player, без помош од Multiplayer опцијата. Во екот каде најпродаваните игри се RP игрите, се надеваме дека дадовме опширно, но корисно упатство да играње на Souls Like игрите како огранок за најдобри скилс игри за кои интересот е огромен кај младите ширум светот.