Во тек е пријавувањето за работилницата „Слем за животот во Скопје“

Во тек е конкурсот за пријавување на креативно-едукативната работилница „Слем за животот во Скопје“, која е отворена за лица од сите возрасти што живеат или престојуваат во главниот град.

Работилницата е составена од три дела и на неа ќе се работи на пишување слем-поезија, вежби за слем-изведба и снимање слем-видео. Ментор(к) на работилниците ќе бидат Елена Пренџова, Игор Трпчески и слемерот, преведувач и едукатор за дигитална настава Перо Сарџоски.

Целта на „Слем за животот во Скопје“ е учесниците да се запознаат со слемот како изведбена уметност, да научат да пишуваат слем-текстови, да изведуваат слем-настапи пред камера и самостојно да снимаат слем-видеа.

Текстовите напишани за време на работилницата за креативно пишување и видеата снимени за време на видео-работилницата ќе бидат објавени на социјалните мрежи на „Поетри слем – Македонија“.

Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат во креативно-едукативните работилници можат да се пријават на овој линк. Пријавувањето е во тек и ќе трае сè додека не се пополни групата.

Работилницата која е во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, ќе се реализира како програмска активност на Конкурсот за финансирање на проекти од локален интерес на Град Скопје за 2021 година.