Во Охридското езеро најдена рачна бомба од Втора светска војна

Рачната бомба била најдена кај струшкото село Радожда

Фото: Мета.мк

Вчера во 18 часот, М.Д.(38) од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба, извести МВР.

„Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна“, се вели во соопштението на полицијата.

Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.