Во март сме потрошиле 798.215 мегават-часови електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 798.215 мегават-часови електрична енергија, 14.327 милиони метри кубни природен гас, 620.827 тони јаглен и 69.860 тони нафтени продукти.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 72,7 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 97,3 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.