Во Македонија регистрирани 28 нови случаи на ХИВ

Годинава во Република Македонија со инфекција од ХИВ се регистрирани 28 нови случаи, а едно лице со напредната инфекција од вирусот е починато. Најголем број од новозаболените се лица од машки пол и се заразиле преку хомосексуален контакт.

Од 1987 година кога е регистриран првиот случај на заболување од ХИВ во Македонија, досега, бројот на инфицирани изнесува 270. Од нив 161 живеат со ХИВ, од кои 124 се на антиретровирусна терапија. Се очекува до средината на идната година бројот на новорегистрирани со инфекција од ХИВ да достигне 300.