Во Берово и Пехчево почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала

Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Почувствуван е земјотрес на подрачјето на Пехчево, Берово и околината. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици регистрирани се земјотреси со епицентар на подрачјето на Делчево и Берово, стотина километри југоисточно од Скопје. Земјотресот е почувствуван во 8 часот и 46 минути со јачина од 3,2 степени според Рихтер.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите на овие подрачја, а интензитетот се движи од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, велат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Вчера се почуствувани два земјотреса на истите подрачја, еден во 18 часот и 28 минути со јачина од 3,6 степени, а другиот во 18 часот и 30 минути со јачина од 2,9 степени.

Од Природно-математичкиот факултет во Скопје посочуваат дека при чувство на земјотрес потребно е ја исконтактирате опсерваторијата со пополнување на прашалник.