Фото: Ванчо Џамбаски

ВМРО-ДПМНЕ бараат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе оставка поради бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Таргет – Тврдина“ за незаконско прислушување на десетици илјади граѓани токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство?! Зошто дозволил Мијалков да побегне?! Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана потерница, откако требаше да му се даде решението за куќен притвор за предметот „Таргет-Тврдина“ за кој пресуда треба да се донесе во петок.