Утре ќе се одржи конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“

Фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ во хотелот „Лимак“ утре ќе ја организираат конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, на која ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски, информираат од претседателскиот кабинет.

На отворањето на конференцијата ќе се обратат и Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во Северна Mакедонија, Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“ и проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на претседателот за внатрешна политика, надворешна политика и уставни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ.

На сесијата насловена „Тековни состојби и предизвици поврзани со влијанието на дезинформациите во Република Северна Македонија“ ќе се обратат Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Миле Бошњаковски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во Фондацијата „Метаморфозис“ и Билјана Георгиевска, извршна директорка на „Совет за етика во медиумите на Македонија“.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и сесијата „Решенија и наредни чекори – препораки за заедничко делување“ на која ќе се обратат Елида Зулбеари, раководител на проект во Фондацијата „Метаморфозис“, Светлана Силјаноска, соработник за комуникации и односи со јавност за НАТО и безбедносни прашања во Владата на Република Северна Македонија, Петра Балажиќ, претставничка на „Центар за европска перспектива“ од Република Словенија и Росана Алексоска, претставничка на Граѓанската асоцијација – МОСТ.