Утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Жичарницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот

Фото: Мета.мк

Јавното сообраќајно претпријатие ги известува патниците дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), утре ќе се работи по неделен возен ред.

„Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Утре (среда), дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар“, наведено е во соопштението на ЈСП.

Оттаму додаваат дека жичарницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.