Повеќе од 40 лица убиени при напад на автобус во Пакистан

Вооружени напаѓачи во автобус во Карачи во Пакистан убија повеќе од 40 лица, а има и многу ранети, јавува „Би-Би-Си“.

Полицијата соопшти дека напаѓачите на мотоцикли го стигнале и го запреле автобусот, а потоа отвориле оган врз патниците, шиитски муслимани.

– Најмалку шест вооружени напаѓачи го нападнале автобусот во Сафора Гот – соопшти полициски претставник.

Шиитските муслимани се малцинство во Пакистан и се честа мета на нападите на сунитските милитантни групи.