Црвениот крст на Република Македонија организира партнерски состанок

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го организира шестиот партнерски состанок за да се поттикне соработката со партнерските организации и да се обезбеди проектна поддршка за општествено-социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории од заедницата.

Најавено е учество на претставници на деловни субјекти, институции и на дипломатски претставништва во Република Македонија.

Состанокот ќе го отворат генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, и министерот за економија, Беким Незири.