Тсаи Инг-вен победи на претседателските избори во Тајван

Тсаи Инг-вен, кандидатка на опозициската Демократска прогресивна партија во Тајван, победи на денешните претседателски избори.

Според првичните резултати, Тсаи Инг-вен освоила околу 60 отсто од гласовите, а за нејзиниот главен противкандидат, Ерик Чу од владејачката Националистичка партија, гласале околу 30 проценти од избирачите.

Со победата Инг-вен стана првата жена претседател на островот.

Тсаи Инг-вен (59), која е поранешен универзитетски професор, во својата предизборна кампања се залагаше за намалување на економската зависност на Тајван од Кина и вети дека „ќе го слуша гласот на јавноста“ во врска со билатералните односи со Пекинг.