Талат Џафери по усвојувањето во Собранието ја „завери“ Спогодбата со Грција

-

Откако денеска во Собранието, во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, беше ратификувана Спогодбата со Грција за разрешување на спорот за името со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, спикерот Талат Џафери го стави својот потпис на законот за ратификација на Спогодбата, по што тој оди во понатамошна процедура.

Според процедурата, законот ќе биде испратен кај претседателот Ѓорѓе Иванов, кој во рок од седум дена треба да го потпише. Имајќи го предвид фактот дека Иванов рече дека нема намера да го потпише документот, односно ќе го искористи своето право на вето, Спогодбата повторно ќе треба да се најде пред пратениците, во нова постапка за ратификација.

Во повторената процедура, ратификацијата мора да се изврши мнозинство од 61 пратеник.

Кои се плановите на Трамп во првиот ден по враќањето во Белата куќа

Доналд Трамп вети дека ќе ги „изненади“ сите на првиот ден од неговото враќање на функцијата во Белата Куќа, со низа извршни наредби што се очекува да ги потпише во првите...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведесет Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Кои се плановите на Трамп во првиот ден по враќањето во Белата куќа

Доналд Трамп вети дека ќе ги „изненади“ сите на првиот ден од неговото враќање на функцијата во Белата Куќа, со низа извршни наредби што се очекува да ги потпише...