fbpx
Таг: општини

таг: општини

Ревизори: Како се продавало и отуѓувало државното градежно земјиште

Стотици илјади евра отштета треба да платат општини поради еднострано раскинување на договори за купопродажба на градежно земјиште, продажба на парцели во изборна капмања, тужби, често менување на ДУП, ова се дел од наодите во ревизорскиот извештај со наслов „Ефективност на политиките и мерките при управување со градежно земјиште“ со цел да се даде одговор на прашањето дали постоечките...

Заев апелира до општините да ги искористат парите наменети за капитални инвестиции

Во 2019 година за рамномерен регионален развој издвоивме за 100 отсто повеќе пари во однос на 2017, или за над 50 насто повеќе во однос на 2018 година, рече денеска премиерот Зоран Заев на конференцијата „Децентрализација: Патот што претстои“, во организација на ЗЕЛС и ОБСЕ. „Од 3,5 милиони евра во 2017 та година, за наредната година за проекти за рамномерен...

Парите од Владата нема да ги деблокираат сите општини?

Донесувањето на законот со кој се обезбедуваат околу 50 милиони евра владини пари за општините, во блокираните општини донесе надеж дека конечно ќе успеат да се ослободат долговите таложени со години, но и прашања дали ќе успеат во тоа. Четири од 11 општини во Источна Македонија – Делчево, Берово, Зрновци и Пехчево се уште работат со блокирани сметки и...

Владата финансиски ќе ги помогне општините, но и ќе го ограничи задолжувањето

Владата е свесна за важноста на општините во земјава, и оттаму сакаме да го намалиме нивниот долг, за да можеме да сметаме на нивниот капацитет, кој сега е десеткуван. Ова било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на градот Скопје,...

Истражување: На Источна Македонија ѝ недостигаат 190 лекари

Голема е разликата на износот што 11-те општини од Источна Македонија го трошат за работи во функција на граѓаните, а за кои се неопходни јавни набавки. Најмногу пари по жител во периодот 2013-2016 година инвестирала Општина Македонска Каменица – 42.000 денари, на второ место е Општината Карбинци со 31.000 денари по жител, додека најмалку Општина Виница, со 5.677 денари....

Владата ги „наградува“ општините што неодговорно се задолжувале

Одлуката на Владата за подмирување на половина од неизмирените обврски на општините со пари од државната каса е проблематична, бидејќи во суштина со парите на граѓаните се плаќа неодговорното работење на општинските власти, наместо тие пари да се искористат за нови проекти.  Додека властите велат дека ова е значајна поддршка за општините, експертите се спротивставуваат, велејќи дека со оваа...

Со повеќе пари за општините и гасификацијата ќе се помести од мртва точка

Изградбата на инфраструктурни проекти во општините, помеѓу кои е и гасификацијата се закочени, поради блокираните општински сметки и немањето доволно на финансиски средства за таа намена. Поместување од мртва точка е можно со предлог- ребалансот на буџетот со кој се предвидени повеќе пари за општините, за да се платат доспеаните долгови и да се одблокираат сметките. Директорот на Јавното претпријатие „Куманово...

Општините во исчекување на повеќе пари со ребалансот на буџетот

Во време кога се подготвува државниот буџет за 2019 година, општините се во исчекување на владиното ветување за поголем прилив на пари во општинските каси.  Едно од ветувањата на актуелната владина колација е поголема грижа за општините преку засилена децентрализација. Заменикот-министер за локална самоуправа Дејан Павлевски, кој денеска беше во Штип, рече дека не може да се каже како ќе...

Денеска почнува расправата за ребалансот на буџетот во матичната собраниска комисија

Денеска во собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува расправата за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2018 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат околу 180, а партиите на Албанците над десетина амандмани. Според Деловникот, целата процедура за донесување на ребалансот на буџетот треба да заврши за околу 20 дена, или околу 15 ноември. Министерот за финансии, Драган...

Во 56 општини ќе се вработат 650 асистенти за инклузија на децата со посебни потреби

15 нови асистенти за деца со посебни потреби ќе бидат ангажирани во училиштата во општина Тетово, како дел од проектот кој УНДП го реализира со општината, информираа од УНДП на денешната прес-конференција. Се работи за програма во која е вклучена корисна работа, чија цел е децата со посебни потреби да се вклучат во наставата, односно да се постигне нивна...

Сугарески: 50 милиони евра од Европската кредитна банка за водоводи и канализации

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска во Прилеп најави финансиски поволности од кредитната линија на Европската кредитна банка, кои што следната година ќе бидат на располагање на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти. „Проектите на кои што во моментов работи Општина Прилеп, следната година ќе бидат засилени со новите кредитни линии што Министерството за транспорт и врски...

Тевдовски: Шест општини ќе добијат 290 милиони денари за инфраструктура

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани за подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште. Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка. Директен...

Општините ќе може да искористат 6,5 милиони евра за инфраструктура и градинки

Општините ќе можат да аплицираат за 6,5 милиони евра за капитални проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, информираат од Министерство за финансии. Општинските власти треба да подготват предлог-проекти со кои ќе аплицираат на јавниот повик, кој Министерството за финансии ќе го објави во септември и истиот ќе го спроведува. Тој е поддржан од Светска банка со...

Општините лани склучиле договори за јавни набавки во вредност од 80 милиони евра

Вкупната вредност на јавните набавки на општините во Македонија лани изнесувалa 80 милиони евра, а биле реализирани 2.737 јавни набавки, покажува базата на податоци со сите набавки на општините во 2017 година, изработена од Центарот за граѓански комуникации. Трошоците за јавни набавки по жител изнесуваат 2.401 денари. Општина која склучила најмногу јавни набавки е Град Скопје со 153, а најмалку...

Начинот на финансирање на општините на дневен ред на 80. седница на Влада

Редовната 80. седница на Владата почна во 9.30 часот, а на дневен ред меѓудругото, е информацијата за активностите за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и финансирање на надлежностите за општините. На предлог на министерството за труд и социјална политика, Владата ќе ги разгледува предлог - уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок-дотации за...

ЦГК: Загрижувачки бројки кај тендерите на локално ниво на крајот на минатиот мандат

Во периодот април - септември 2017, постапките за јавни набавки спроведени од институциите на локално ниво се одликуваат со загрижувачки параметри, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), изнесувајќи ги резултатите од својот нов извештај. Според ЦГК, и во периодот на набљудување продолжила тенденцијата да се јавуваат помалку од три понудувачи на локалните тендери, што е минимумот за задоволување на принципот...

Индекс на транспарентност: Министерствата и Владата подобри од општините

Центарот за граѓански комуникации го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година кој содржи рангирање на 97 институции од извршната власт на централно и на локално ниво (министерствата, Владата и општините) според степенот на исполнетост на обврските за проактивно објавување јавни информации (на сопствена иницијатива на институциите). „Индексот на активна транспарентност за годинава изнесува 43,5 проценти (од можни 100 проценти)...

Еден милион евра за проекти за 30 општини и за осумте плански региони   

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, денеска го отворија форумот на кој се презентираа условите и критериумите за финансирање на проекти во планските региони и во општините, во рамките на  проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската унија, во вкупна вредност од 2,4 милиони евра. - Во рамките на проектот што Министерството...

Општините ќе може да апицираат за 5 милиони евра за подобрување на услугите

Општините ќе може да аплицираат со капитални проекти за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, информираше министерот за финансии, Драган Тевдовски  на отпочнувањето на градба на општинската зграда на Oпштина Арачиново. Тој најави дека ќе биде објавен јавен оглас за 5 милиони евра заеми преку проектот и ги повика градоначалниците кои што имаат добар проект да аплицираат за...

26.900 ученици стекнаа дополнително знаење за заштита на здравјето и животната средина

Околу 8.400 ученици од 112 основни училишта во 17 општини и оваа година се стекнаа со дополнително практично знаење од областа на здравјето и безбедноста. Овој проект, организиран од Пивара Скопје, петта година по ред се спроведува во соработка со општините и основните училишта од целата земја. Вкупната бројка на ученици кои до сега имаа можност да се едуцираат за...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...