fbpx
Таг: општини

таг: општини

Политичките партии денеска ќе одржат митинзи во Скопје, Охрид, Куманово и во Кочани

Политичките партии влегуваат во последната недела од изборната кампања со митинзи и со средби со граѓаните, на кои ги претставуваат политичките програми за изборите на 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода и Центар, а Kоалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ вечерва ќе биде во Дебар, Струга и во Охрид. Коалицијата Алијанса за Албанците...

Општините Бутел и Шуто Оризари ќе добијат матични гинеколози

Oпштините Бутел и Шуто Оризари по голем број иницијативи од невладини организации конечно ќе добијат матични гинеколози, кои ќе служат во локалните клиники. Министерството за здравство проблемот ќе го решава со кофинансирана специјализација на 30 гинеколози, кои освен во скопските општини ќе бидат распоредени и во места како Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце, Липково, Теарце и Демир Капија, кои првпат...

МВР ги сумираше штетите од серијата земјотреси

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска излезе со збирна информација за штетите што ги предзвикаа серијата земјотреси што го погодија Скопје на 11 септември, од кои најсилниот беше со магнитуда од 5,3 степени според Рохтеровата скала, пријавени во Единицата за команда и известување во СВР Скопје. Според податоците на МВР, земјотресот предзвикал штети во станбени објекти, пукање на цевки од парно...

Турција смени 25 градоначалници во областите населени со Курди

Турските власти смениле 25 градоначалници во општините на југоистокот на земјата, населени претежно со Курди. Ваквата мерка, како што јавуваат медиумите повикувајќи се на соопштение на канцеларијата на гувернерот на Дијарбекир, уследила поради процените дека тие ги поддржуваат курдските милитанти и на нивно место се назначени други лица. Во речиси сите општини каде се сменети градоначалниците, на власт беше Народната...

МФ ги повикува општините да аплицираат за средства за капитални проекти

Министерството за финансии денеска објави јавен повик до општините за да аплицираат за средствата од вториот проект за подобрување на општински услуги (МСИП2). Средствата кои се во износ од 25 милиони евра, се обезбедени преку Светска банка и се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење. Условите под кои општините ќе можат да аплицираат...

Во ДИК до денеска се пријавиле 5.022 спорни гласачи

Вкупно 5.022 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија оттаму. Од нив, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу...

Визуелизација: Мапа на спорни гласачи – водат Чаир, Тетово и Гостивар

Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот на 39.502 спорни гласачи, кои ќе мораат да се пријават во ДИК доколку сакаат да бидат на избирачкиот список и да гласаат на наредните избори. Според списокот, најмногу спорни гласачи има во општина Чаир – 5.418 гласачи, потоа во општина Тетово – 3.183, општина Гостивар – 2.671, општина Сарај – 2.420...

Странски и домашни донатори лани го помогнале развојот на Источна Македонија

Со пари од странски донатори, локалната и од централната власт, во Источна Македонија во 2015 година се реализирале околу 500 проекти. Ова е податокот од годишниот извештај на Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР), кој беше презентиран денеска во Штип. Пред претставници од 11 општини, невладиниот сектор и од бизнис-заедницата, Емил Василев, координатор на проекти, направи споредба со 2008 година...

СДСМ бара проверка на јавните набавки во сите општини

„Власта во заминување преку финансиската полиција спроведува нарачана, одмаздувачка мисија во Струмица и во Куманово, општини раководени од СДСМ. Цели 10 години овие општини се под постојани, интезивни контроли на бројните партизирани институции. Струмица и Куманово нема што да кријат. Постапките и јавните набавки се во согласност со законите“, изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Бараме финансиската полиција јавно да ги објави резултатите од спроведената...

Општините мал дел од буџетот го реализираат за капитални инвестиции

Стапката на реализација на капиталниот буџет од страна на општините за 2015 година е многу мал и кај некои општини изнесува дури помалку од 30 процнети. Кај реализацијата на оперативниот дел од овој буџет, односно плати и намирување на други тековни трошоци, таа стапка е многу повисока и изнесува од 80 до 89 процнети. Ова се однесува на 24 општини од осум...

Косовската опозиција одржа собир против етничките поделби

Обединетата косовска опозиција ѝ порача денеска на владата на Косово дека нема да прифати етнички поделби, ниту да подарува територија. На протест во Гњилане, опозицијата се изјасни дека е против формирањето заедница на српски општини и воспоставувањето демаркациона линија со Црна Гора. Протестот завршил мирно, а на него присуствувале неколку илјади граѓани.

Светска банка ќе ги зајакнува капацитетите на локалната власт

Втората фаза од Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство (ПУП) во Македонија, беше промовирана денеска, за време на работилницата организирана од Светска банка и од домашните партнерски институции, во просториите на Град Скопје. Програмата има цел да ги зајакне капацитетите на локалната власт во Југоисточна Европа и да ги опреми локалните власти, градските администратори и техничкиот персонал...

Се одложува гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион

Сè уште не е избрана компанија која ќе ја спроведе гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион. На петтиот по ред повик, се јавиле две компании, од кои едната се откажала, а другата побарала продолжување на рокот за евалуација. Проектот за гасификација на 17 општини од скопскиот регион е 98,4 милиони евра, за гасификација на Централна...

Богданци – апсолутен шампион меѓу општините што спроведуваат практики за добро владеење

Богданци е апсолутен шампион меѓу општините што ги трошат оптимално своите финансии за да спроведат практики за добро владеење, а по неа следат Битола, Карпош, Велес и Град Скопје. На листата многу добро владеани општини се: Струмица, Велес и Илинден. Охрид, заедно со градовите од Југозападна Македонија, е во третата група на општини, според индексот на добро владеење, покажуваат резултатите на...

Сите нè трујат, за мерките ќе почекаме

Загадувањето во Скопје измерено во 13 часот изнесува 161,83 микрограми на еден кубен метар, што е за трипати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските населби Центар, Гази Баба и на мерната единица Ректорат, како и во општина Тетово....

Буџетите на општините на јавна расправа

Пред законското усвојување на буџетот за 2015 година, неколку општини во Источна Македонија почнаа со јавните расправи. Општина Кочани раправата по предлозите за буџетот ја организираше на почетокот на декември, во исто време со презентирање на нацрт-верзијата на документот. Општината Виница јавната расправа ќе ја има утре, додека во општината Штип денеска ќе се разговара за предлог-буџетот. При тоа, поканети...

Ѓеорѓиев: Изградени 20, за четири години уште 40 нови детски градинки

Владата, заедно со општините, за шест месеци обезбедила 20 нови градинки, во кои се очекува да престојуваат 860 деца, а за следните четири години се планира да бидат изградени најмалку 40 детски градинки, соопшти портпарлот на владата, Александар Ѓеорѓиев. Како што појасни Ѓеорѓиев, станува збор за три типа објекти, односно новоградби, доградби и адаптација на веќе постоечки објекти. Од буџетот на...

Делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Бутел, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров. Како што информираат оттаму, од 8.30 до 9.30 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од улица Максим Горки и од дел од улица Никола Вапцаров во општина Центар. Во периодот...

Корупцијата во четири очи тешко се докажува

Тешко е да се докаже корупцијата во јавните набавки во Македонија, корупцијата на локално ново е недоволно истражена, а, во исто време, и јавната доверба во институциите надлежни за справување со корупција е ниска, покажа истражувањето на Ана Стојиловска, истражувач од „Аналитика“, автор на трудот „Ризици од корупција кај јавно-приватно партнерство во Македонија“. Трудот денеска беше презентиран во општина Битола, а...

Зип-институт: Општините вработуваат само активни партиски членови

Истражувањето „Бива ли без книшка: вработувања во локалната администрација во Македонија“ го спорведе ЗИП Институт за локална самоуправа и неформално образование
Вработувањата во општините се партиски, огласите за врабортување се објавуваат откако веќе се знае кој ќе биде вработен, интервјуата за работа се субјективни, не се запазува системот на заслуга, а жалбата како инструмент не функционира. Ова се дел од заклучците од истражувањето „Бива ли без книшка: вработувања во локалната администрација во Македонија“ коа го спорведе Зип-институт за локална самоуправа...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...