fbpx
Таг: Еко свест

таг: Еко свест

Екологистите до Макрадули: Водно е заштитено, ќе ви подариме примерок од Законот

Не е точно дека Водно не е заштитено подрачје. Водно е заштитено со закон, категорични се екологистите кои застанаа во одбрана на планината, откако пролетва беше најавено започнување на изградбата на делницата 5 од гасоводот Скопје - Тетово - Гостивар. Одговарајќи на изјавата од понеделникот на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, еколошките здруженија велат дека на...

„Еко-свест“ предупредува дека на парк шумата Водно ѝ се заканува уништување

На парк шумата Водно ѝ се заканува уништување од изградбата на гасовод низ значајни подрачја на природа богати со биодоверзитет, велат од невладината „Еко-свест“ и додаваат дека минатата недела испратиле дописи до меѓународни институции и банки со цел да алармираат за повеќе проблеми кои ги има изградбата на гасовод низ Водно. „Во последните неколку месеци еколошките организации и иницијативи водат...

Екологистите бараат од владата мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Во дописот, здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот хотел во Лагадин, тампонирање, уништување...

Заев: Важните одлуки за животната средина ќе ги носиме заедно со екологистите

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со екологистите од невладината организација „Еко-свест“, со кои разговарал за потребата од подобрување на пристапот до информации, како и за можностите за поголемо учество на јавноста, особено на стручната, при носењето одлуки што се однесуваат на животната средина. Заев изразил подготвеност Владата да го поддржи активизмот за да се најдат најдобри решенија за проблемите што се однесуваат...

Собранието усвојувало „европски“ закони со заобиколување на процедурата

Собранието усвојувало повеќе „европски“ закони заобиколувајќи ја целата процедура предвидена за законите со европско знаменце во периодот од 2014 до 2016 година. Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони што произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично...

Годишна средба на граѓанските организации корисници на ИПА2

Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, „Реактор - истражување во акција“ и Асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“, денеска и утре, во Охрид, ја одржуваат годишната средба на корисниците на механизмот за граѓански организации ИПА2. Овие и други поканети граѓански организации и асоцијации, во хотелот „Метропол“ во Охрид, дебатираат и бараат решенија за...

„Еко-свест“: Потребни се храбри мерки кои ќе се спроведат итно иако се непопуларни

Граѓаните на Скопје повеќе од 10 дена дишат воздух кој е екстремно загаден, што претставува сериозна закана за здравјето на сите, без разлика на возраста и на здравствената состојба, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Според нив, потребни се храбри мерки кои ќе се спроведат итно и покрај тоа што се непопуларни. „Ја поздравуваме веста од...

Еко-свест бара нови опции во енергетскиот систем и одржлив развој на Охрид

Центарот за истражување и информирање на животната средина, „Еко-свест“, препорачува разгледување на нови опции за развој на електроенергетскиот систем на Македонија кои би обезбедиле поголема сигурност во снабдувањето и би придонеле кон намалување на енормното аерозагадување. - Во услови кога има енормно загадување на воздухот во повеќе градови низ Македонија, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) најавува дури четири нови термоелектрани на...

„Еко-свест“: Неопходен е модел за еколошка одржливост на Охрид

Активистите од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, бараат средба со претставници на локалната самоуправа од Охрид за, како што велат, да се отвори соработка за наоѓање решенија за одржлив развој на Охрид. Минатата година „Еко-свест“ имаше средби со граѓански иницијативи, со домашни и со странски експерти. „Се надеваме на средба и наоѓање решенија за развој на овој...

Еколозите со предупредување: Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО

Еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека постои опасност Охридскиот Регион, наместо на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, во февруари следната година да се најде на листата на загрозено наследство. Истовремено, иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернската конвенција во Стразбур. „Планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица ќе нанесат штета...

Теута Арифи ќе побара Владата зимава да го затвори „Југохром“

Ако комбинатот „Југохром“ не постави филтри, тогаш зимава треба да биде затворен. Вакво барање до Владата ќе достави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, неработењето на комбинатот драстично ќе придонесе во воздухот да се намали концентрацијата на честичките штетни по здравјето на тетовци. - Ќе побараме „Југохорм“ да не работи до март 2017 година, ако не постави филтри. Така...

Еко-кампања за зачувување на Охрид

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, објави дека во соработка со „Еко-свест“, денеска во Охрид ќе организира презентацијата, насловена „Едно е!Вредно е!“. Презентацоијата е дел од кампањата за зачувување на Охридскиот Регион, единственото од УНЕСКО заштитено подрачје во Македонија. - Како дел од кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското природно и културно наследство – Охридскиот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...