fbpx
Таг: Еко свест

таг: Еко свест

За да се справиме со загадувањето и климатските промени, неопходни ни се модерни технологии за затоплување на домовите

Премин кон најнови технологии за затоплување и ладење на домовите, кои ќе се базираат на обновливи извори на енергија, како и континуирани инвестиции во енергетска ефикасност, се најважните предуслови за успешна борба со загадувањето на воздухот во земјава. За загревањето на објектите кај нас се уште се користат технологии од втората генерација, домовите се со слаба енергетска ефикасност, а...

Заштитата на биодиверзитетот и намалувањето на аерозагадувањето треба да станат национален приоритет

На темата одредување приоритети за спроведување на зелената агенда за секторите биодиверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви, денеска во рамките на Националната конференија за клима дискутираа претставници на повеќе граѓански организации. Целта на денешната работилница беше на интерактивнен начин да се спроведе консултација меѓу организациите за ставовите и приоритетните активности за заштитата на биолошката разновидност...

Да престане субвенционирањето на јагленот е прв услов за успешно справување со климатските предизвици

Да не се стимулира, ниту субвенционира користењето на јагленот како гориво, да се зголемува енергијата од обновливи извори, а гасот да не се смета за добро транзиционо решение, бидејќи е фосилно гориво. Тоа се дел од заклучоците за климатската визија за Македонија кои се дискутираа на конференцијата „Визија и цели за справување со промените во климата 2030/2050“, организирана во...

Еко-мапа е новата алатка преку која граѓаните можат да пријавуваат еколошки проблеми

Новата еколошка алатка за граѓаните, Еко-мапа, денеска беше презентирана на вториот ден од Националната конференција за клима, што е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ на Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, со финансиска поддршка на ЕУ. Оваа интерактивна алатка е создадена со цел да овозможи мапирање на различни еколошки проблеми на цела територија во земјава, кои потоа,...

Ублажувањето на климатските промени е нашиот влог за подобра иднина на следните генерации

Климатските промени ги засегнуваат сите, а особено идните генерации на кои треба да им ја оставиме нашата планета. Заради тоа неопходно е денес, сите чинители, институциите, граѓанските организации и граѓаните да работат заедно за што повеќе да ги намалат последиците од нивното влијание, а климатските промени да се дел од политиките и активностите во сите сектори. Ова се дел од...

Во понеделник започнува двонеделна онлајн-конференција за климатските промени

Како да ги ублажиме последиците од климатските промени и колку е важно тие да бидат дел од политиките и активностите во сите сектори – ова се најважните прашања на кои ќе биде фокусирана Националната конференција за клима, што ќе се одржи онлајн од 29 март до 9 април. Конференцијата е завршна активност на тригодишниот проект „Да зборуваме за климатските...

Малите хидроцентрали ги уништуваат шумите и обезвреднуваат импозантни речни долини

Голем дел од малите хидроцентрали се изградени во најатрактивните речни долини, кои што извираат од исклучително високи планински венци, заштитени и значајни подрачја од највисоко значење и со тоа неповолно влијаат на геоморфологијата на пределите и загубата на шумите во Северна Македонија. Овие уникатни предели трајно губат од своето значење и нема да се сметаат како импознатни речни долини....

Еколошките организации бараат заштитните зони на Шара да ги опфатат и малите хидроцентрали

Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, што го усвои Владата, не обезбедува заштита од најголемиот еколошки проблем на планината, малите хидроелектрани, сметаат граѓанската организација „Еко-свест“ и Македонското здружение на млади правници. Во заеднички допис до јавноста, двете организации посочуваат дека првата верзија на предлог-законот, согласно со препораките од Студијата за валоризација на Шар Планина, содржеше...

Дрвата се најголем загадувач, а на нив се греат 40 отсто од градските и над 80 отсто од руралните домаќинства

Дрвото е најголем загадувач на воздухот во градовите, особено во зимските месеци, сепак, најголем дел од домаќинствата, особено оние од руралните средини, го користат овој енергенс за затоплување на своите домови. Огревното дрво во земјава се употребува кај околу 40 проценти од домаќинствата во градовите и кај 85 проценти во руралните општини. Екологистите и експертите за климатски промени препорачуваат...

Екологистите до Заев: Владата не е свесна за сериозноста на имплементацијата на зеленото енергетско сценарио

Граѓанските организации „Еко Свест“ и „Фронт 21/42“ денеска повторно му се обратија на премиерот Зоран Заев со порака да го преиспита неговиот став дека малите хидроцентрали се најеколошки извори на енергија. Екологистите се загрижени што, во услови на климатската криза во која живееме, на покачување на глобалните температури и намалување на водните ресурси во кои сè почесто се соочуваме...

Екологистите контра Анѓушев: Нема бенефити од малите хидроцентрали

Еколошките организации се против изградба на мали хидроцентрали за кои сметаат дека ги уништуваат реките и живиот свет кој зависи од нив. Екологистите не се согласуваат со ставот на претседателот на Групацијата на мали хидроцентрали во Стопанската комора на Македонија, Тодор Анѓушев, кој тврди дека тие носат само бенефит на државата. Инвестициите во обновливи извори на енергија, според нив,...

Секој дом да има фотоволтаици, енергетската транзиција од јаглен кон сонце да започне веднаш

РЕК Битола фото: ЕСм
Одолговлекување на процесите на енергетска транзиција не е опција за земјава, а изборот на зеленото сценарио и донесување на Програмата за реализација на Стратегијата за енергетика мора да се реализираат што поскоро, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Организацијата веќе подолго време работи на кампања за исфрлање на јагленот како енергенс и воведување...

„Еко Свест“ и МЕД бараат Владата да ги раскине сите концесии за мали хидроцентрали на Шар Планина

Владата да ги прекине сите постапки за доделување концесии за мали хидроелектрани и да ги раскине договорите за доделени концесии за мали хидроелектрани чија изградба сè уште не е започната на територијата на Шар Планина, бараат граѓанските организации „Еко Свест“ и Македонско еколошко друштво (МЕД). Во писмо, упатено до Владата и премиерот Зоран Заев, граѓанските активисти посочуваат дека малите хидроцентрали...

„Еко свест“ бара закон за управување со Националниот парк „Маврово“ и стопирање на сите инфраструктурни активности

Итно стопирање на сите инфраструктурни активности во Националниот парк „Маврово“ сè додека не се спроведе анализа за кумулативните влијанија на сите проекти врз вредностите на паркот и донесување на закон за Маврово, бараат од невладината организација „Еко свест“. Од таму посочуваат дека и покрај тоа што големите хидропроекти Бошков Мост и Луково Поле се минато, во Маврово беа доделени...

Загадувачите, преку јаглеродната такса, треба да ја финансираат зелената економија

Ќе се воведува ли такса за загадувачите со јаглероден диоксид, како еден од изворите за справување со климатските предизвици во земјава и еден од ефикасните начини за транзиција кон производство на незагадувачка енергија? Министерството за животна средина сè уште размислува дали ќе се прифати една од европските практики, кои во последните години се покажа како многу успешен и сериозен...

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

Заробување на малите реки и осудување на смрт на целиот биодиверзитет во околината е последицата од огромниот број на концесии за мали хидроцентрали кои ниту од далеку немаат сериозен придонес кон енергетската слика во земјава. Граѓанските организации апелираат Владата, ако треба и на своја штета, да ги раскине договорите за мали хидроцентрали кои се издадени, но не се изградени...

Граѓаните и екологистите предупредуваат: Малите хидроцентрали ѝ се закануваат и на Маркова река

Да престане уништувањето на водените ресурси заради изградба на мали хидроцентрали, апелираат од невладината орханизација „Еко свест“. Тие реагираат на последниот случај на, како што велат, уништувањето на горниот тек на Маркова река, заради изградба на мала хидроелектрана, за што деновиве на социјалните медиуми реагираа и многу жители на Скопје. Екологистите се децидни дека Владата мора да ги запре...

Зелена иднина без јаглен е основа на Стратегијата за климатска акција

Зеленото сценарио од Стратегијата за енергетика е основа за идната долгорочна Стратегија за климатска акција која е во изработка и која, заедно со законот за климатска акција, треба да биде основа за активностите на нашата држава во борбата против климатските промени. По ратификацијата на Договорот од Париз, прашањата за намалени климатски промени во земјава досега најмногу се интегрираа во енергетските...

И со и без корона вирус, исти се проблемите за возење велосипед во земјава (видео)

Прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од ковид-19. Брзото ширење на корона вирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз во градовите, како и до зголемен интерес на граѓаните за користење на индивидуално превозно средство...

Извештај на Бенквоч: РЕК Битола останува најголемиот загадувач на воздухот со сулфур диоксид на Балканот

Лани РЕК Битола испуштила во воздух вкупно 105.431 тони сулфур-диоксид, што е двојно повеќе од 2018 година кога емисиите изнесувале 52.823 тони. Овие податоци се соопштени во годишниот извештај на групацијата Бенквоч, најголемата мрежа на цивилни асоцијации за заштита на животната средина и човековите права во централна и источна Европа. Со ова трите блока во Kомбинатот станаа инсталација со...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...