fbpx
Таг: дипломирани студенти

таг: дипломирани студенти

Лани дипломирале 7.422 студенти, најмногу на Филозофскиот и Економскиот факултет при УКИМ

Вкупно 7.422 студенти минатата 2023 година ги завршиле своите додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Ова претставува незначително намалување од 0,81 отсто во однос на претходната година (2022), кога беа регистрирани 7.483 дипломирани студенти. Ако се направи споредба меѓу факултетите, може да се заклучи дека најмногу студенти...

По 20. пат доделен Инженерски прстен на најдобрите дипломирани инженери

По дваесетти пат, вчеравечер најдобрите дипломирани инженери се здобија со престижното признание Инженерски прстен. Во организација на Инженерската Институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Инженерски прстен добија уште 12 нови дипломирани студенти. Ова признание досега го добиле 214 најдобри студенти од инженерските професии. Годинава, признанието го доделија претседателката...

Бројот на дипломирани студенти се намалил за 3.5 отсто, две третини од нив учеле на државните универзитети

Вкупно 7.483 студенти минатата година завршиле додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува намалување за 3,5 отсто во споредба со 2021 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако се направи споредба меѓу факултетите, може да се заклучи дека најмногу студенти минатата година дипломирале на Економскиот факултет при приватниот Универзитет за туризам...

Лани дипломирале 7.753 студенти, најмногу на Економскиот факултет при УКИМ

Економски факултет УКИМ
Додипломски студии на високите стручни школи и факултетите во земјава, минатата година завршиле вкупно 7.753 студенти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Меѓу дипломираните, 58,8 отсто се жени. Од вкупниот број дипломирани студенти, 84,2 проценти се редовни, додека 15,8 отсто се вонредни студенти. Податоците на ДЗС покажуваат и дека во рок дипломирале 28 проценти од студентите, додека 72...

Во земјава лани имало 6.907 дипломирани студенти, најмногу на Филозофски и Економски факултет

Филозофски факултет
Додипломските студии на факултетите во земјава лани ги завршиле вкупно 6.907 студенти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од дипломираните студенти, 4.110 се жени. Во 2020 година, 5.056 од студентите дипломата ја стекнале на државните високообразовни установи, 1.831 завршиле на приватните универзитети, додека 20 лица дипломата ја стекнале на верските факултети. Статистичките податоци покажуваат дека најголем интерес за студирање...

Истражување: Купување дипломски и магистерски трудови – се знаат чинителите, но нема кој и како да ги спречи и казни

Моментално над 13.413 реклами за продажба и купување магистерски и дипломски тези се активни на една од страниците што се занимаваат со трговија во Северна Македонија, цените варираат во зависност од побарувачката, до 500 евра, а доколку имате среќа, можете да станете магистер на наука за само 150 евра, објави „Порталб.мк“ во нивната последна истражувачка сторија. Ниту една од...

Во последните 8 години за 1/4 опаднал бројот на дипломирани студенти (инфографик)

Минатата година на високообразовните установи дипломирале вкупно 7.874 студенти што е за 2,2 проценти зголемување од 2018 година. Најмногу од нив 5.845 дипломирале на државните, наспроти 2.004 студенти на приватните факултети. Додека пак, верски факултет завршиле само 25 лица. Статистиката покажува дека од вкупниот број, 36 проценти дипломирале во рокот, додека 63 отсто дипломирале по рокот. Забележителен е податокот дека...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...