fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Пукано врз жител на струшко Велешта

Триесет и шестгодишен жител на струшкото село Велешта синоќа бил жртва на обид за убиство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Ранетиот А.С. бил пренесен во струшката болница, каде биле констатирани повеќе прострелни рани, по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часови. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Велештанецот, над кој е извршен нападот,...

Пет лица убиени во престрелка во Пенсилванија

Вооружен маж, кој е осомничен за убиство на пет лица на три различни локации во Монтгомери каунти во Пенсилванија, се забарикадирал себеси во дом во Саудертон. Специјалната полициска единица го опколила домот. Првото пукање е регистрирано во 3.55 наутро во Лоуер Салфорд Тауншип, кој се наоѓа на 45 минути северозападно од Филаделфија. Како што јавуваат локалните медиуми, застрелана жена е најдена...

Избеган затвореник стрелал во полициски специјалци

Триесет и четиригодишниот Р.Ј., кој се барал со потерница поради бегство од затвор, вчераутро во Тетово стрелал во припадници на специјалната полициска единица, кои дошле да го уапсат. Во инцидентот нема настрадани, а по пукањето Р.Ј. успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање. Тој побегнал од штипскиот затвор каде што издржувал казна за убиство. Како што информираат од МВР, инцидентот...

Голема полициска акција во Западна Македонија

Голема полициска акција за апсење членови на поголема криминална група, утрово се спроведува во западниот дел од зејава, потврдуваат за „Мета“ од МВР. Според полицијата, станува збор за група која се занимавала со насилен криминал, а во акцијата се уапсени и неколкумина адвокати и извршител. Во текот на акцијата, еден од осомничените стрелал во припадниците на специјалната полициска единица, но бил совладан и...

Веселејќи се, со пиштол се застрелал во нога

Седумдесет и деветгодишен жител на гостиварското село Горна Бањица, вчера се застрелал во нога, додека со пиштол пукал на семејна веселба во селото. Како што информираат од полицијата, А.А. во текот на веселбата, од пиштол, со калибар 9 милиметри, истрелал осум куршуми во воздух, а потоа мислејќи дека веќе нема куршуми во рамката, го свртел пиштолот кон земја и истрелал куршум...

Пукано кон бензинската пумпа во Чегрене

Непознато лице вчера, од возило во движење, истрелало неколку куршуми во правец на бензинската пумпа „Вардар петрол“ сопственост на Ш.И. (53) од селото Форино, Гостиварско. При инцидентот оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за ладење на сокови сместен внатре во пицеријата. Гостиварските полициски служби извршиле увид, при што се пронајдени...

Ранети двајца агенти на ФБИ во Сент Луис

Двајца агенти на ФБИ се ранети во една куќа на северот на округот Сент Луис, но не е познато дали инцидентот е поврзан со расните протести во Фергусон. Агентите биле ангажирани во акција поврзана со лице кое се забарикадирало во една куќа. Агентите се ранети при престрелката, но нивните животи не се во опасност, соопшти веб-страницата на локалниот медиуми „Ки-Си-Ди-Ки“. Од Федералното...

(ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

Три лица се ранети при пукање во кампус на Државниот универзитет „Флорида“ во Талахаси. Напаѓачот е убиен, откако сттрелал во полицијата, јавува „Си-Ен-Ен“. Според информациите на американската телевизиска куќа, едно рането лице е во критична состојба. - Двајца ранети во пукањето се пренесени во болница. Еден од нив е во критична состојба - соопшти претставникот на болницата во Талахаси, Стефани Дерзиповски. Универзитетот веднаш...

Жестоки борби на аеродромот во Донецк

Силни експлозии и артилериски оган го тресат аеродромот во Донецк, и покрај обидите да се преговара за крај на вооружените судири. Шест украински војници и тројца полицајци загинаа во претходните 24 часа, соопштија властите во Киев. Во близина на стратегиски важниот аеродром, на неколку места се слушнал артилериски оган и силни експлозии во најновите судири на проруските и на владините...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...