Според Меркел и Фајман, кризата ќе се реши на надворешните граници на ЕУ

Бегалската криза ќе биде решена на надворешните граници на Европската унија и подалеку од нив, изјавија денеска канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Вернер Фајман.

Меркел истакна дека Европа мора да го забрза поставувањето на влезните пунктови (жешките точки) во Грција, каде бегалците и другите мигранти се регистрираат, а потоа праведно да се распоредуваат во Европа или да се враќаат дома доколку не ги исполнуваат условите за азил.

Германија во октомври прими 758.000 бегалци, повеќе од која било друга европска земја, а сите влегле преку Австрија.