Шервуд на клупата на Квинс парк ренџерс

Лондонски Квинс парк ренџерс во следните 48 часа ќе потврди дека Тим Шервуд е новиот тренер на клубот. Шервуд немаше ангажман од август минатата година, откако беше отпуштен од Тотенхем.

Досегашниот тренер на Квинс парк ренџерс, Хари Реднап, минатиот вторник поднесе оставка, еден ден откако заврши преодниот рок.

Реднап најави дека го напушта клубот поради здравствени причини бидејќи мора да оди на операција на колена, а медиумите шпекулираат дека заминува поради несогласување со управата на клубот околу трансферите.

Освен Шервуд, кандидати за нов тренер на Квинс парк се Стив Мекларен од Дерби каунти и помошниот тренер на Реал Мадрид, Пол Келемент.