Се приближуваат ставовите на работните групи: Утре конкретни предлози за Избирачкиот список?

Се приближуваат ставовите на политичките партии кои партиципираат во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, дознава „Мета“ од извори кои учествуваат на средбите.

Според нив утре би требало да се очекува конкретни предлози и почеток на конструктивниот дел околу завршување на прашањето за избиркачкиот список, ингеренциите и составот на Државната изборна комисија и гласањето на дијаспората.

Активна регистрација на гласачите, попис и пребројување од врата на врата се уште се опции кои се на маса на работните групи што треба да го имплементираат Договорот од Пржино.

СДСМ се за активна регистрација на гласачите и таа да биде задолжителна. Од таму тврдат дека се согласуваат дијаспората да гласа и понатаму, но да има изедначување на гласоивте.

За денеска тема на средбата на работните групи е изборот на Специјален јавен обвинител.

Се очекува на средбата, покрај претставниците на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, да присуствува и олеснувачот Џејмс Хамилтон.