Руските сили убиле 10 екстремисти на Кавказ

Руските власти соопштија дека во специјална операција на полициските сили на северот на Кавказ, убиени се 10 борци поврзани со екстремисти на Исламска држава. Акцијата сè уште е во тек.

Рускиот Национален антитерористички комитет соопшти дека подготвува прелиминарни информации за неутрализираните десет екстремисти.

Руските медиуми јавуваат дека биле членови на група која се заколнала на лојалност на Исламска држава.

Екстремистите отвориле оган на полицијата и фрлале гранати, откако биле истуркани во шумовитото подрачје во близина на градот Налчик, во руската република Кабардино-Балкаријаа, на северот на Кавказ, стои во соопштението.