Русија погодила рекордни 94 мети за 24 часа

Руски авиони во Сирија погодиле рекордни 94 терористички цели за 24 часа, соопштија руските воени сили.

– Во 59 борбени летови во изминатите 24 часа, руските воздухопловни сили погодиле 94 мети во провинциите Хама, Латакија, Дамаск, Алепо и Деир Езор – изјави портпаролот на руските воени сили, генерал мајор Игор Конашенков.

Руското министерство за одбрана соопшти дека авионите во последните три дена имале 165 борбени летови, во кои погодиле 285 цели на Исламска држава.

Конашенков рекол дека руските воздухопловни сили го уништиле командното место на ИД во провинцијата Алепо, во координирана акција на сириската армија, во близина на воената воздухопловна база Коваиред. Како резултат на нападите, Конашенков на новинарите им изјавил дека објектот бил целосно уништен.

– Во близина на населбата Зејтан во покраината Алепо, авионот „су-24“ го погоди командното место на терористите, откако претходно беше откриено од разузнавачките служби – прецизираше Конашенков.