Пуштени во продажба билетите за концертот на Здравко Чолиќ во Охрид

Билетите за концертот на Здравко Чолиќ, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за се“.

До 15 јуни билетите за партерот ќе чинат 400 денари, цена која по овој датум ќе претрпи промена, односно како ќе се доближува денот на концертот, така истата ќе се зголемува.

Влезниците за секцијата за обожаватели, пак, ќе чинат 600 денари, за трибина – 500 денари, а за ВИП-делот – 800 денари.