Протестен марш на матурантите од гостиварската гимназија

По протестот во училишниот двор и бојкотот на наставата спроведен минатата недела, гостиварските гимназијалци денеска маршираа по гостиварските улици, против воведувањето на математиката како задолжителен предмет во државната матура.

Матурантите од гимназијата од Гостивар не одат на настава од минатата среда. На овој начин, како што велат, сакаат да го искажат незадоволството од задолжителното полагање математика. Сметаат дека тоа не е предмет, што ќе им биде неопходен на сите во понатамошното образование.