Притвор за педофил кој сексуално злоупотребил две деца во Битола

СВР- Битола поднесе кривична пријава против Д.Т. (58) од Битола, поради основано сомневање дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Пријавениот, во периодот од 20 јануари до 19 февруари годинава, во Битола, повеќепати вршел полов напад и други полови дејства врз две деца од Битола. По пријавувањето на настанот, од страна на СВР Битола се извршени низа мерки и активности и извршено е препознавање на лицето.

Од страна на судија во претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор, во траење до 30 дена.