Принцот Хари ја напушта британската армија

По десетгодишната служба, принцот Хари соопшти дека ја напушта британската армија.

– Ги истражувам варијантите за иднината и навистина сум ентузијастичен од можностите што се отвораат пред мене – изјави Хари во коминике, што беше лиферувано од неговата официјална резиденција во палатата Кенсингтон.

Оваа одлука е изненадувачка за многу луѓе кои одблиску ги следат настаните околу кралското семејство, особено затоа што Хари, се чини, ги изживеа своите детски мечти и изгледаше сосема задоволен од животот во армијата.

Пред да ја напушти армијата, меѓутоа, тој ќе замине на четиринеделна мисија во австралиските вооружени сили.