Пожарот и понатаму се шири, продолжува евакуацијата

Канадските власти почнаа евакуација на илјада лица од работните кампови северно од градот Форт Мек-Муреј поради пожарот кој и понатаму се шири во канадската држава Алберта.

Осум илјади лица вчера со авион беа евакуирани, а денеска ќе продолжи евакуацијата и по автопат, ако биде доволно безбеден од пожар.

Премиерката на Алберта, Рејчел Нотли, изјави дека првиот конвој ќе биде составен од 400 возила и оти ќе биде надлетуван од хеликоптери.

Во пожарот никој не загина, а нема ни повредени.

Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 1.100 пожарникари, а ангажирани се 145 хеликоптери, 22 авиони за гаснење пожари и друга опрема, соопштија провинциските власти, кои вчера прогласија вонредна состојба.