Пожарникари спасиле рибар што пропаднал во жив песок

Во наносите од кал во реката Брегалница кај селото Софилари, вчера пропадна 64-годишен штипски риболовец. Ловејќи риба покрај реката, тој пропаднал до половина, а неговите колеги рибари, но и мештаните од селото се обиделе да му помогнат. Два часа се обидувале да го извадат со лопати, јажиња и со дрва. Откако напорите им пропаднале, на помош ги повикале штипските пожарникари, чија операција траела 10 минути.

Жителите на селото и риболовците велат дека ова е првпат во реката Брегалница човек да заглави во жив песок.