Повик за млади ентузијасти за едукација од областа на филмот

За да добијат поддршка од „Еду катс“, апликантите мора да се на возраст помеѓу 15 и 25 години, да знаат англиски јазик, да бидат државјани на една од земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора)

Младите од Северна Македонија и од останатите пет земји од Западен Балкан имаат нова можност за бесплатна едукација од областа на филмот. Мрежата „Еду катс“ (Edu Cuts), како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, поддржан од Британски Совет, објави повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Приштина Кино кабаре, што го организира фестивалот 16 издание на „Прифест“ – Меѓународниот филмски фестивал во Приштина.

„Фестивалот ќе се реализира од 10 до 15 септември 2024 во Приштина, Косово.
Овој настан нуди интензивно филмско искуство каде учесниците ќе се вклучат во креативни аудиовизуелни работилници и ќе соработуваат на кратки филмски проекти во ограничена временска рамка. Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори. За да добијат поддршка од „Еду катс“, апликантите мора да се на возраст помеѓу 15 и 25 години, да знаат англиски јазик, да бидат државјани на една од земјите од Западен Балкан (Косово,
Албанија, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора)“, велат организаторите.

Примените учесници ќе добијат потврда по имејл од фестивалот дека се прифатени да учествуваат. Заинтересираните треба да го пополнат овој формулар.

Мрежата Еду катс обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“ е финансиран од Европската Унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.