Полицијата изрекла 190 сообраќајни казни во Скопје вчера

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки.

Меѓу нив, 13 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, 12 мерки за користење на мобилен телефон…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, порачува МВР.