Полицаец од Синѓелиќ пукал со пушка на семејна веселба во неговиот дом

При претресот е пронајдена пушката „хуглу" модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол", кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје, соопштува МВР

Фото: Max Kleinen on Unsplash

Полициски службеник вработен во полициското одделение Петровец при СВР Скопје, пукал со пушка на семејна веселба во дворот на неговиот дом, поради што е лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера на 31јули, добивме информации дека полициски службеник, вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, извршил кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ, пукајќи на веселба во дворот од својот дом“, велат оттаму.

Полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција – сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи, во координација со одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по претходно издадена наредба за претрес на дом, извршен бил претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во с. Синѓелиќ, скопско.

„При претресот е пронајдена пушката „хуглу” модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол”, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ“, соопштува МВР.