Почина новинарот Саше Димовски

Саше Димовски долги години следеше судство во Канал 5, а дел од својот работен век го помина и во Сител и во Алфа телевизија

Фото: Фејсбук профил на Саше Димовски

На 47-годишна возраст, вчера почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во судството. Тој неодамна беше именуван за член на Комисијата за помилување од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а беше и претседател на Советот на честа на ЗНМ.

Саше Димовски долги години следеше судство во Канал 5, а дел од својот работен век го помина и во Сител и во Алфа телевизија. Негов беше порталот Сведок.мк. Димовски беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Димовски беше соработник на Сервисот за проверка на факти во медиумите. Пишуваше новинарски лекции, кои остануваат да бидат водилка за професионалните стандарди за сегашните и идни генерации новинари.

Погребот на Димовски ќе се изврши утре на градските гробишта во Велес.