Почина Лазар Лечиќ, легенда на македонската кошарка

Познатиот кошаркар и тренер, кој ги има поставено темелите на македонската кошарка и нејзиното пласирање во странство, починал синоќа на 85-годишна возраст

Фото: Makedonskisport, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Синоќа во Скопје на 85-годишна возраст починал Лазар Лечиќ, едно од најчуените имиња во историјата на македонската кошарка.

Познатиот тренер е заслужен за поставувањето на темелите на македонската кошарка, како и за пласирањето на македонските клубови во Европа.

Својата кариера ја започнал во „Работнички“, а потоа на неколку наврати бил и тренер на истиот тим, од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1978 година.

Тој бил тренер и на екипи надвор од Македонија, односно во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, како и во Арис. Тој бил и дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

Лечиќ бил и тренер во многу кошаркарски клубови во основни училишта во државата.

Во 2015 година тој ја добива државната награда „8 Септември“.

Неговиот погреб ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата еден час од 10:30 до 11:30 часот.