ПДП ја поддржува „Беса“ за организирање сенароден протестен марш

Партијата за демократски просперитет ја поздравува иницијативата на движењето „Беса“ за организирање сенароден марш против диктатурата, противзаконските политички притвори, забраната на слободата на мислењето, крајното осиромашување на населението, корумпирање и партизација на судскиот систем, инсталација на организираниот криминал, феномени кои се практикувани од владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

„Партијата за демократски просперитет силно го поддржува изразувањето на демократската волја за уривање на диктатурите и е спремна и самата активно да придонесе на овој протестен марш, кој ќе се реализира на мирен начин и според критериумите на европската цивилизација“, стои во соопштението на партијата и се додава дека таа ќе соработува со „Беса“ за протестниот марш да биде организиран успешно.